„Отпочнавме целосна реконструкција на улицата „Милан Зечар“ во Стар Аеродром“, информираше преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
Според Митески, ова е многу значаен проект, во висина од над 20 милиони денари, кој опфаќа три оски од оваа улица кои минуваат низ Стар Аеродром и кои се многу фреквентни.
Тој додаде и дека во наредниот период ќе се уреди и пристапот до објектот „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“ со што значително ќе се олесни згрижувањето на дечињата.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

