Според најновите информации, најмалку девет лица загинаа во пожарот што вечерва избувна во Домот за пензионери во Тузла, потврдија повеќе босански медиуми.
Според последните податоци, пет лица се примени во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, а бројот на повредени постојано расте.
Пожарот е локализиран, а надлежните сега го утврдуваат точниот број на загинати и причините за избувнувањето.
На терен се наоѓаат голем број екипи на итната помош, пожарникари и припадници на МВР на Тузланскиот кантон.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
