Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди повторно се запиша во листата на стрелци, овојпат во натпревар од Купот на Турција во дресот на Коњаспор.
Коњаспор на домашен терен оствари убедлива победа од 5:0 против Алиага. Барди доби шанса во второто полувреме, кога влезе во игра при водство од 3:0, а во 81. минута го постигна својот погодок и ја потврди доминацијата на својот тим.
Ова е втор гол на Барди во турскиот куп сезонава, а вкупно петти откако настапува за Коњаспор. Со новиот триумф, екипата ја продолжи перфектната серија од три победи во исто толку натпревари и заедно со Самсунспор се наоѓа на врвот на табелата во Б групата.
🚀 Konyaspor, Aliağa FK karşısında 81. dakikada Enis Bardhi'nin şık golüyle skoru 4-0 yaptı. #ZTK pic.twitter.com/9TQJQ3TR9I
— A Spor (@aspor) February 5, 2026







