Британската актерка Ема Хусен е обвинета во Австралија за обид за шверц на 320 килограми метамфетамин.
Австралиската полиција тврди дека дрогата, чија вредност се проценува на речиси 300 милиони австралиски долари, била скриена во вреќи со јаглен испратени од Гана.
Истрагата започнала откако царинските служби откриле сомнителна бела кристална материја во контејнери пристигнати во пристаништето во Сиднеј.
Хусен била уапсена во предградие на Сиднеј, а во рамки на истата истрага приведени се уште две лица во Аделаида. Доколку биде прогласена за виновна, актерката се соочува со максимална казна доживотен затвор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
