Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Верижна сообраќајка со 10 возила кај Тетово, вкупно 19 незгоди во регионот
    Хроника

    Верижна сообраќајка со 10 возила кај Тетово, вкупно 19 незгоди во регионот

    03/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ниските температури што во попладневните и вечерните часови го зафатија Полошкиот Регион предизвикаа замрзнување на коловозите, поради што за краток временски период се регистрирани вкупно 19 сообраќајни незгоди, информираа од Центар за управување со кризи.

    Во тетовскиот реон се случиле четири сообраќајни незгоди, од кои една верижна со учество на 10 возила, додека на подрачјето на Гостивар биле евидентирани 15 сообраќајки.

    Од ЦУК појаснуваат дека две незгоди се случиле на автопатот Тетово–Гостивар, една на локалниот пат Пирок–Боговиње и една на правецот Тетово–село Требош. За уште една сообраќајна незгода не бил побаран увид.

    Од ПС Гостивар се пријавени 15 сообраќајни незгоди, од кои за 10 бил извршен увид, додека за останатите пет страните постигнале договор. Истовремено, до надлежните служби пристигнале бројни пријави од жители на Тетово, Гостивар и околните населени места за замрзнати локални и споредни улици.

    Регионалниот центар за управување со кризи во Тетово стапил во контакт со општините Тетово, Гостивар и Желино, од каде било потврдено дека фирмите за зимско одржување се ангажирани и дека се врши посолување на патиштата според приоритети. Во Тетово бил активиран и Кризниот штаб, при што било интервенирано на повеќе локални сообраќајници.

    Од секциите на Македонија пат во Тетово, Попова Шапка и Гостивар информираат дека континуирано се на терен и вршат посолување на автопатите и регионалните патишта. Поради снежни врнежи, на патниот правец Лисец–Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема.

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.