Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Венецуела побара помош од ОПЕК за да ги спречи американските акции
    Свет

    Венецуела побара помош од ОПЕК за да ги спречи американските акции

    01/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Венецуелските власти денеска побараа помош од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за запирање на „агресијата“ на САД, кои распоредија воени бродови на Карибите и ја разгледуваат можноста за воздушни напади на тлото на Венецуела.

    Американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека се бори против нарко-картелите во Мексико и Централна Америка, го засилува притисокот врз Венецуела и претседателот Николас Мадуро со големо воено распоредување во Карибите, вклучувајќи го и најголемиот носач на авиони во светот.

    Трамп го обвинува Каракас дека стои зад трговијата со дрога што го преплавува американскиот пазар. Каракас го негира ова и инсистира дека вистинската цел на Вашингтон е промена на режимот и контрола врз нафтените резерви во земјата.

    „Се надевам дека можам да сметам на вашите најдобри напори да помогнете во запирањето на оваа агресија, која се подготвува со зголемена сила и која сериозно ја загрозува рамнотежата на меѓународниот енергетски пазар“, се наведува во писмото на Мадура до ОПЕК.

    Тоа писмо на онлајн состанокот на ОПЕК го прочита потпретседателката на Венецуела и министерка за нафта, Делси Родригез. „Венецуела формално го осудува пред ова тело фактот дека американската влада се обидува да ги заплени огромните нафтени резерви на Венецуела, најголемите во светот, со употреба на смртоносна воена сила против територијата, луѓето и институциите на земјата“, наведе Мадуро.

    Тој додаде дека воената акција „сериозно ја загрозува стабилноста на производството на нафта во Венецуела и глобалниот пазар“.

    Трамп предупреди вчера дека воздушниот простор на Венецуела треба да се смета за „целосно затворен“, неколку дена откако Вашингтон издаде предупредување за воздухопловството поради зголемената воена активност во регионот.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Трамп се надева дека Вашингтон и Техеран ќе постигнат договор

    Трамп се надева дека Вашингтон и Техеран ќе постигнат договор

    Најмалку 16 загинати во две тешки сообраќајни несреќи во Турција

    Најмалку 16 загинати во две тешки сообраќајни несреќи во Турција

    Зеленски: Преговорите со Русија и САД ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби

    Зеленски: Преговорите со Русија и САД ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби

    САД и Индија постигнале договор за венецуелска нафта, тврди Трамп

    САД и Индија постигнале договор за венецуелска нафта, тврди Трамп

    Најмалку 87 загинати во разорната снежна бура во САД

    Најмалку 87 загинати во разорната снежна бура во САД

    Смртоносни напади во Газа: Погодена полициска станица и шатор со раселени лица

    Смртоносни напади во Газа: Погодена полициска станица и шатор со раселени лица

    америка венецуела опек
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп се надева дека Вашингтон и Техеран ќе постигнат договор

    01/02/2026

    Најмалку 16 загинати во две тешки сообраќајни несреќи во Турција

    01/02/2026

    Зеленски: Преговорите со Русија и САД ќе се одржат на 4 и 5 февруари во Абу Даби

    01/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.