Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Велики Петок – Ден на Христовите страдања
    Република

    Велики Петок – Ден на Христовите страдања

    10/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Се празнува Велики Петок, ден посветен на спомнувањето на крстните страдања и смртта на Исус Христос. Најпрво, тој бил одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко го испрашувал и го затворил. Потоа бил испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници и садукеи. Од нив бил осуден за хула, за што казната била смрт.

    Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие го упатуваат кај Понтиј Пилат. Според обичајот за Пасха, еден осуденик можел да биде ослободен по волја на народот. И повторно, заблудената и поткупена маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки.

    Исус го водат од затворот и од судот за да го погубат. Пресудата е извршена на височинка наречена Голгота со распнување на крст.

    Велики Петок се смета за најтажниот ден во христијанството, ден на тишина, молитва и длабока духовна размисла. Верниците го поминуваат во строг пост, без масло и храна, посветени на покајание и смирение.
    Во храмовите се одржуваат богослужби на кои се изнесува плаштаницата – симбол на положувањето на Христос во гробот, пред која верниците се поклонуваат.

    Овој ден потсетува на жртвата и љубовта, но и на надежта дека по страдањето доаѓа воскресението.
    Затоа Велики Петок не е само ден на жал, туку и подготовка за најголемиот христијански празник – Велигден.

    велики петок
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Претпладне облачно, попладне дождливо

    14/04/2026

    Со порака да се чуваме од меѓусебни поделби се слави Велигден, денот кога животот ја победил смртта

    12/04/2026

    Денеска сончево со мала облачност, пролетта во прав сјај ќе блесне од вторник

    12/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.