Триесет и шестгодишен жител на Велес бил приведен откако се обидел да избега од полициски службеници при контрола на такси-возило во градот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 11 октомври околу 22:35 часот на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес.
При обид да му биде извршен преглед, лицето почнало да бега, но полициските службеници набрзо успеале да го стигнат и да го сопрат.
Во текот на обидот за бегство, велешанецот проголтал бела прашкаста материја, по што бил транспортиран во Општата болница во Велес за да му биде укажана медицинска помош.
Откако му била пружена потребната здравствена грижа, тој бил приведен и задржан во полициска станица.
За настанот бил известен јавен обвинител, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
