Голем број на работници, како и Сојузот на синдикати на Македонија синоќа преку протест покажаа дека платите им се мали. Тие јасно порачаа:
„Ова е почеток на крајот на мизерните плати, за што ќе се бориме без да отстапиме ниту милиметар”.
Тие бараат зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари. Најавија дека доколку не им се усвојат барањата, работничкиот револт ќе продолжи со блокади и со генерален штрајк.
За работничкиот протест партиите се со различни ставови.
Левица смета дека барањата на Синдикатот се легитимни и оправдани.
Од СДСМ најавија дека ќе поднесат законски решенија за покачување на платите на работниците.
Oд ВМРО-ДПМНЕ го повторуваат ставот дека зголемувањето на минималната плата треба да биде тема на разговор меѓу работниците и работодавачите.
Е токму работодавачите се местото каде што Синдикатот треба да се обрати. Со газдите треба да е договараат.
Оти минималната плата во Македонија навистина е мала, но не е на партиите или на државата да ја одредува. На потег се и газдите, од нив се очекува соодветна реакција – работниците покажаа дека се незадоволни.
