Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Вардар го освои Суперкупот на Македонија по драматична победа над Охрид
    Спорт

    Вардар го освои Суперкупот на Македонија по драматична победа над Охрид

    02/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ракометарите на Вардар со трофеј го отворија новото издание на македонската ракометна сезона, откако вечерва во Гевгелија го совладаа Охрид со 32-31 во финалето на Супер купот на Македонија.

    Како и на претходните меѓусебни дуели на турнирите во Струга и Охрид, и овој натпревар понуди голема неизвесност, а победникот беше решен во самиот финиш.

    Охрид подобро го отвори мечот и уште во седмата минута поведе со 4-1. Вардар брзо ја надополни негативата и до средината на првото полувреме целосно се врати во игра. Во 24. минута „црвено-црните“ првпат поведоа со 11-10, а на паузата заминаа со предност од 17-15.

    На почетокот од вториот дел Вардар ја зголеми предноста на три гола (18-15), но Охрид повторно се врати и направи пресврт, поведувајќи со 22-20. Охриѓани ја чуваа предноста сè до 51. минута, кога водеа со 27-25, по што Вардар постигна четири гола во низа и повторно ја презеде контролата.

    Во драматичната завршница, при резултат 31-31 и дваесетина секунди до крајот, Иванковиќ направи прекршок за седмерец. Одговорноста ја презеде Воркапиќ, кој беше сигурен од линијата за седум метри и му донесе водство на Вардар од 32-31. Во последниот напад Охрид имаше можност да избори продолженија, но голманот Валах го одбрани ударот на Стрмљан и го обезбеди трофејот за својот тим.

    Најефикасен во редовите на Вардар беше Воркапиќ со десет погодоци.

    За Вардар ова е петти трофеј во Супер купот на Македонија, по триумфите во 2017, 2018, 2019 и 2023 година. Охрид, кој првпат настапи во ова натпреварување, не успеа да стигне до историскиот прв трофеј.

    Поврзани вести:

    „Комити“ најавија бојкот на сите натпревари на ФК Вардар, бараат оставка од Управата

    „Комити“ најавија бојкот на сите натпревари на ФК Вардар, бараат оставка од Управата

    Столе Димитриевски доби нов соиграч од Ливерпул

    Столе Димитриевски доби нов соиграч од Ливерпул

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Комити“ најавија бојкот на сите натпревари на ФК Вардар, бараат оставка од Управата

    02/09/2026

    Столе Димитриевски доби нов соиграч од Ливерпул

    02/09/2026

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    01/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.