Во најголемото централно училиште во Штип „Ванчо Прќе” денеска беше прекината наставата откако ноќеска непознат сторител го вандализира училишниот објект.
Според директорот на училиштето, Кокан Радев, уништени се смарт табли, табли, инвентар, компјутери, а вандалот со спреј и остар предмет причинил голема материјална штета во кабинетите по предметна настава, а на ѕидовите со спреј оставил недолчични пораки.
Радев вели дека според камерите инасталирани во училиштето вандалот влегол некаде пред полноќ од кај фискултурната сала и потоа влегувал во кабинетите.
Полицијата утрово изврши увид и покрена истрага за случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
