Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Уставниот суд: Политичките партии да престанат со политизација на институцијата
    Република

    Уставниот суд: Политичките партии да престанат со политизација на институцијата

    12/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Уставниот суд соопшти дека остро ги осудува, како што наведува, обидите за груба партизација и политизација на неговата работа од страна на одредени политички партии, оценувајќи дека тие настојуваат да ја зголемат сопствената политичка видливост преку злоупотреба на одлуките, активностите и меѓународната соработка на Судот.

    Од Судот посочуваат дека унапредувањето на меѓународната соработка било ставено во дневнополитички контекст и искористено за партиски пресметки и собирање политички поени.

    Во соопштението се нагласува дека меѓународната соработка останува една од стратешките определби на Уставниот суд и составен дел од неговото институционално работење. Во текот на годинава, Судот потпишал три меморандуми за соработка со Уставниот суд на Косово, Врховниот уставен суд на Египет и Уставниот суд на Србија. Дополнително, годинава му е доверено и претседавањето со Балканскиот форум на уставни судови, како и претставувањето на форумот на значајни меѓународни настани.

    Од Уставниот суд истакнуваат дека институцијата ќе остане доследна на својата уставна надлежност и независност и нема да подлегне на политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација.

    Воедно, Судот ги повика политичките чинители да покажат повисоко ниво на уставна и политичка култура, а политичките несогласувања да не ги водат преку институциите задолжени за заштита на владеењето на правото и уставниот поредок.

    Во соопштението се потенцира дека независноста и кредибилитетот на Уставниот суд се заеднички интерес на целото општество. Оттаму оценуваат дека се недозволени тврдењата на одредени политички субјекти дека одлуките на Судот се „неуставни“ или „незаконски“, потсетувајќи дека согласно член 112 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни, извршни и задолжителни за сите.

    Од Судот додаваат дека за нив нема значење какви имиња носат улиците, училиштата или другите инфраструктурни објекти, бидејќи тоа се политички одлуки. Нивната надлежност, како што наведуваат, е да оценат дали тие се донесени во законски пропишана постапка.

    Како пример за независното постапување ги посочуваат претходните одлуки поврзани со законитоста на постапката за преименување на улиците во Општина Чаир.

    На крајот, Уставниот суд апелира до сите политички чинители да покажат одговорност во јавната комуникација и да се воздржат од ширење невистини и манипулации на сметка на институцијата која, како што наведува, е чувар на Уставот и уставниот поредок.

    Поврзани вести:

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.