Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Успешно решени случаите на лицата без државјанство од распадот на Југославија.
    Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени ФОТО/МВР
    Хроника

    Успешно решени случаите на лицата без државјанство од распадот на Југославија.

    03/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствуваше на настан во организација на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи во соработка со УНХЦР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој се одбележа успешното решавање на случаите без државјанство кои произлегоа од распадот на СФР Југославија.

    Заменик-министерoт Исени во своето обраќање истакна дека државјанството е едно од основните човекови права и е правна основа за голем број други граѓански права и слободи, ја означува правната врска помеѓу лицето и државата, без оглед на начинот на стекнување и не го означува етничкото потекло на државјанинот и дека МВР со проактивен пристап посветено учествувало во решавањето на тој проблем.

    „Согласно член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија со  кој на олеснителен начин се овозможи на државјанин на друга република на поранешната СФРЈ и државјанин на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година, односно до времето на прогласување на независноста на Република Македонија живееле на територијата на Република Македонија да се стекнат со државјанство. Членот 7 се  применуваше од 30.07.2021 година до 08.09.2024 година и  државјанство добиле 1148 лица државјани на поранешна СФРЈ од нив 300 лица биле со статус  без државјанство. Во 2023 година донесен е Законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта и Законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните со цел на ова категорија на граѓани кои ќе се стекнат со државјански статус да може на полесен начин да добијат личен документ“, потенцира Исени.

    Исени образложи дека  МВР за сите 300 лица кои навремено имале покренато постапка за стекнување со државјанство на Република Северна Македонија а кои биле со статус на лица без државјанство и живееле на територија на Република Северна Македонија донесе позитивни решенија за стекнување со државјанство и истите се државјани на Република Северна Македонија. Посочил дека со регулирање на државјанскиот статус, истите ги уживаат сите права и обврски согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

    Заменик-министерот Исени на крај посочи дека Министерството за внатрешни работи останува силен поддржувач на меѓународната заедница, посветен и одговорен партнер во глобалниот дијалог и силен и како таков-општо признаен генератор и столб на мир, стабилност и безбедност во балканскиот и европскиот регион и пошироко.

    бездржавнајство југославија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Поранешниот правобранител Стафа се спогоди со Обвинителството за казна од 1 година и 3 месеци

    17/04/2026

    Парични казни од 19.000 евра за оператори со храна, уништена небезбедна храна

    16/04/2026

    Судењето за пожарот во кочанската дискотека продолжи без сведоците на обинителството

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.