Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Успехот во Молдавија на македонските тенисери е резултат на квалитет, искуство и младост
    Спорт

    Успехот во Молдавија на македонските тенисери е резултат на квалитет, искуство и младост

    18/06/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонската тениска репрезентација втора година по ред избори пласман во Втората Светска група од Дејвис купот. На натпреварувањето што се одржа во Кишињев, македонските тенисери го освоија третото место откако во решавачкиот дуел ја победија Црна Гора со 2:1. Претходно во групата Македонија загуби од домаќинот Молдавија, а постигна победи против Косово и носителот Грузија.

    – Успеавме да се вратиме во Втората Светска група, тоа и ни беше целта на настапот во Молдавија, кој може да го оценам како успешен. Главна цел ни е создавање на тим од искуство и младост и уште поважно е да има хемија во тимот за да постигнуваме резултати. Се надевам дека подолго ќе останеме во Втората Светска група и да ја исполниме целта да влеземе во Првата Светска група. Ќе напомнам дека бевме во силна група, а црногорците беа разочарани по поразот во саботата, изјави претседателот на федерацијата Александар Ивановски на денешната прес конференција.

    Ивановски се осврна и на настапот на играчите.

    – Калин Ивановски сметам дека се надмина себе си, пред сè по повредите и операцијата. Добро е што успеа да се врати и да биде во формата од 2023 година. Тој настапи и лани за репрезентацијата, но играше повреден. Оваа година ги доби сите сингл мечеви.

    Претседателот на федерацијата се осврна и на настапот на Олег Приходко, Украинец, кој доби македонски пасош.

    – За Олег Приходко можам да кажам дека даде максимум, тоа е играч, кој е околу 300-то место на АТП листата со титула од Челинџер турнир. Имаше голема желба да се докаже, а имаше и малер во првиот меч против Албот од Молдавија водеше со 1-0 во сетови и предност од 3-1 во гемови во вториот сет. Тогаш почна на чувствува грчеви, иако дотогаш покажа перфектна игра, изјави Ивановски.

    Селекторот на репрезентацијата Горан Шевченко потенцираше:

    – Се вратив на оваа позиција во 2023 година, да помогнам на нашите играчи, кои го бараа тоа од мене. Во Молдавија вторпат по ред успеваме да направиме „промоција“ односно да се избориме за Втората Светска група. Од 2023 година имам проблем како селектор да ги соберам играчите, дел ги игнорираат пораките или имаше случаи кога тие што биле одбрани едноставно не вложувале квалитет на теренот, како да не е меч за државата, за нашето знаме. Воедно ќе потенцирам дека градиме тим за успех и тие што настапуваат за репрезентацијата треба да бидат пример за сите помлади, а ако се трудиме успехот ќе дојде. Што се однесува за мечевите во Молдавија можам да кажам дека дублот Калин и Олег го одиграа навистина „македонски“ и тоа ни ја донесе победата.

    Македонската репрезентација противникот во Втората Светска група за првиот дуел во 2027 година што ќе се игра во февруари ќе го дознае во октомври годинава.

    Поврзани вести:

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    Македонија убедлива во Виена, Димитриевиќ со трипл – дабл

    Македонија убедлива во Виена, Димитриевиќ со трипл – дабл

    Менува ли клуб Бојан Миовски? Одлуката на Ренџерс ги загрижи навивачите

    Менува ли клуб Бојан Миовски? Одлуката на Ренџерс ги загрижи навивачите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    01/09/2026

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    01/09/2026

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    01/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.