Уреден е училишниот двор во основното училиште „Имри Елези” во Општина Чаир со донација од Халкбанк. Проектот опфати поставување инклузивна урбана опрема, изградба на училница на отворено и уредување училишна градина.
Со уредувањето се создаваат подобри услови за игра, учење и престој на учениците. Новата училница ќе им овозможи на наставниците дел од наставата да ја реализираат и на отворено. Проектот е дел од активностите на Халкбанк за поддршка на образованието и локалната заедница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
