Руската Федерална служба за безбедност објави дека пред неколку дена спречила обид за атентат врз главниот советник за безбедност на рускиот претседател и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу. Атентаторите сакале да го убијат додека бил на помен на московските гробишта.
„Федералната служба за безбедност спречи терористички чин планиран од специјалните служби на Украина против еден од највисоките функционери на руската држава кога тој го посетил гробното место на блиски роднини на гробиштата Троекуровски“, објави ФСБ, без да го именува службеното лице. Уапсени три лица, руски брачен пар и мигрант од Централна Азија.
Според ФСБ, украинските безбедносни служби регрутирале нелегален мигрант од Централна Азија, двајца претходно осудени руски наркомани приведени во Москва и Шамсо Џалолидин Курбанович, роден во 1979 година и жител на Киев, кој е баран во Русија за убиство и нелегална трговија со оружје.
ФСБ соопшти дека комуникациските уреди запленети од осомничениот содржеле преписка со украински офицер на специјалните служби преку ВацАп и Сигнал. ФСБ, исто така, извести за откривање на камера за надзор во вазна за цвеќе, опремена со далечински управувач, која требало да се користи во нападот.
„Според информациите од ФСБ, украинскиот режим, дејствувајќи под водство на западните специјални служби, подготвува слични злосторства во други руски региони“, забележаа руските мекдуми.
