Законските измени за укинување на техничката влада и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, се на денешната 98. пленарна сеница на Собранието.
Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски појасни дека предложеното законско решение со одложната примена, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.
Пратениците на денешната седница ќе дискутираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог на законот за изменување на Законот за внатрешната пловидба, сите по скратена постапка.
