Три лица од Скопје се уапсени во рамки на оперативната акција „Чистач“, под сомнение за уцена и загрозување на сигурноста на жител на Делчево, соопшти МВР.
Осомничените, според пријавата, му се заканувале на делчевецот и барале од него да им исплати 10.000 евра, заканувајќи се дека, во спротивно, ќе објават компромитирачки материјали.
При претресите бил пронајден и нелегален пиштол „М57“, со калибар од 7,62 милиметри за кој по проверките е утврдено дека потекнува од кривичното дело „тешка кражба“, извршено на подрачјето на СВР Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
