Двајца Срби и Македонец се уапсени во полициска акција во Скопје под сомнение дека планирале нарачано убиство. 42-годишен српски државјанин со иницијали С.М кој бил главен во подготвување на платеното убиство во Скопје е пронајден и приведен во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција, по долготрајна оперативна размена на информации помеѓу службите на двете држави.
Осомничениот бил пронајден во „засолниште” во Скопје, каде полицијата при рација открила арсенал оружје и специфична тактичка опрема, а меѓу запленетите предмети се пиштол марка „ЦЗ” со целосна рамка, воен нож, како и црна тактичка униформа.
Според истрагата С. М. ја преминал границата нелегално, а кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице, која ја користел за лажен идентитет.
Од македонската полиција велат дека дојавата дошла од АНБ, а акцијата ја водел обвинител од организиран криминал. Истражните органи работат на идентификување на потенцијалната цел, како и на лицата кои му пружиле логистичка поддршка на осомничениот за време на неговиот престој во Македонија.
