Полициски службеници синоќа на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, при контрола на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен скопјанец откриле поголема количина разновидна стока без соодветна документација, односно околу 90 пратки со различни производи, спакувани во црни кеси.
Исто така, било утврдено дека возачот не поседувал важечка возачка дозвола од Б категорија поради што против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Како сопственик на возилото бил затекнат 20-годишен скопјанец, по што двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
