Полицијата вчера уапсила 51-годишна жена во скопската општина Аеродром.
Според информациите од МВР, полициски службеници се обиделе да ја легитимираат. Во тој момент таа почнала агресивно да се однесува кон нив. Жената била приведена во полициска станица, а против неа ќе следува соодветна пријава.

