Грчката полиција уапси 59-годишен маж под сомнение дека намерно предизвикал шест пожари во период од само четири дена во областа Синдос, во близина на Солун.
Според досегашната истрага, осомничениот наводно ги предизвикувал пожарите додека се движел со своето возило. Огнот зафатил сува трева, трска и земјоделски површини.
Пожарите избувнале во периодот од 8 до 11 август. Првиот бил регистриран на 8 август, кога биле зафатени околу 20 хектари земјоделско земјиште. Само еден ден подоцна, на 9 август, во нов пожар изгореле уште околу 15 хектари.
Грчките власти продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности и да проверат дали уапсениот е поврзан и со останатите пожари.
Против 59-годишниот маж ќе биде преземена соодветна постапка доколку се потврдат сомнежите за намерно предизвикување на пожарите.
