Возач од Скопје вчера попладне прегазил жена на улица и побегнал. Сепак, тој подоцна е пронајден од полицијата и уапсен, информираа од МВР. „На 10.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Његошева” во Скопје, возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен возач удрило во 69-годишна жена, по што возачот со возилото избегал. Во несреќата со телесни повреди кои биле констатирани
во Комплексот клиники „Мајка Тереза” се здобила жената” стои во информацијата од МВР.
По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
