Повеќе од 14.000 тркачи се пријавени за 21-то издание на Виз Ер скопски маратон што ќе се одржи в недела. „Секогаш давам поддршка на манифестации кои промовираат спорт и вистински вредности. Вредности кои треба да ги вратиме како највисоко нешто во нашето општество, вредности на кои треба да ги учиме нашите деца, изјави министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес конференција. На Виз Ер Скопски маратон ќе учествуваат тркачи од 58 држави кои ќе се натпреваруваат во четири дисциплини: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на 5 км.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


