Општина Кисела Вода и Општинскиот совет за превенција од детско престапништво утре во 18 часот во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода организирааат трибина посветена на менталното здравје и превенцијата од меѓуврсничко насилство.
На трибината под мотото „Слушни, препознај, поддржи“, Општината ги поканува сите родители, деца, наставници и стручни вработени во училиштата за заеднички да придонесат за безбедно општество и подобра иднина на децата.
На трибината ќе учествуваат еминентни психотерапевти и психолози како и претставник од Одделението за превенција при СВР Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
