Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормускиот теснец, едно од најважните светски поморски теснеци и актуелно жариште во конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, да биде преименуван по него.
Предлогот го објави на својата социјална мрежа Truth Social, неколку дена откако потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во „Езеро Америка“, во контекст на трговскиот спор со Канада.
„Сега кога е под контрола на САД, дали треба да го промениме името на Ормускиот теснец во ‘Трампов теснец’? Како и самата Америка, би било ‘пожешко’ од кога било досега!“, напиша Трамп.
Неговата изјава доаѓа во време кога Ормускиот теснец има исклучително стратешко значење поради конфликтот со Иран. Според информациите, Техеран го блокирал овој важен поморски коридор од почетокот на војната, која започна на 28 февруари со израелско-американските напади врз ирански цели.
Ормускиот теснец е една од најзначајните светски поморски рути низ која минува голем дел од глобалниот извоз на нафта и природен гас, поради што секоја ескалација во регионот има директно влијание врз светските енергетски пазари.
