Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Трамп: Постигнавме убедливи победи, војната ќе заврши многу брзо
    Свет

    Трамп: Постигнавме убедливи победи, војната ќе заврши многу брзо

    02/04/20265 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воена мисија во Иран ќе заврши „многу брзо“, дека досега се постигнати „убедливи победи“, и оти САД „исклучително силно“ ќе го нападнат Иран во наредните две до три недели.
    Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа рече дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат нафтените постројки, доколку со иранските лидери не се постигне договор.
    – Од почетокот на операцијата „Епски бес“ јасно ставив до знаење дека ќе продолжиме додека нашите цели во целост не се остварат. Благодарение на напредокот што го постигнавме, вечерва можам да кажам дека сме на добар пат наскоро, многу брзо, да ги исполниме сите американски воени цели. Ќе ги удриме исклучително силно во наредните две до три недели. Ќе ги вратиме во камено доба, каде што и им е местото – изјави Трамп.

    Трамп ја потсети Америка дека минатите војни – Првата светска војна, Втората светска војна, Корејската војна, Виетнамската војна и војната во Ирак – траеле со години, додека очекува оваа операција наскоро да заврши.
    – Во оваа воена операција, толку моќна, толку брилијантна, сме против една од најмоќните земји веќе 32 дена, а земјата е уништена. Во меѓувреме, разговорите се во тек. Промената на режимот не беше наша цел. Никогаш не сме рекле промена на режимот. Но, до промена на режимот дојде поради смртта на сите нивни првобитни водачи. Сите се мртви. Новата група е помалку радикална и многу поразумна – оцени Трамп.

    Тој истакна дека САД, ако „не биде постигнат договор, ќе го насочат погледот кон клучните цели“, и дека американската војска би можела „многу силно и веројатно истовремено да ја погоди секоја нивна електрана“. Трамп се закани дека во случај да не биде постигнат договор, ќе ги гаѓа постројките на иранската нафтена индустрија.

    – Во изминатите четири недели, нашите вооружени сили остварија брзи, одлучни, убедливи победи на бојното поле. Победи какви што малку кој некогаш видел. Никогаш во историјата на војувањето непријателот не претрпел толку јасни и разорни загуби од големи размери за само неколку недели. Нашите непријатели губат, а Америка, како што беше случај пет години под мое претседателство, победува, и сега победува повеќе од кога било претходно – изјави Трамп.

    Тој рече дека иранската морнарица е уништена и дека „драматично е намалена“ способноста на земјата да лансира ракети и дронови, како и дека „клучните стратешки цели“ на војната се „близу до завршување“. Трамп им оддаде признание на 13-те американски војници кои загинаа во судирот со Иран на Блискиот Исток.

    – Ги дадоа своите животи во оваа борба за да спречат нашите деца некогаш да се соочат со нуклеарен Иран. Ги поздравуваме и сега мораме да им оддадеме почит така што ќе ја исполниме мисијата за која ги дадоа своите животи – изјави Трамп.

    Американскиот претседател рече дека без оваа интервенција во Иран, „најнасилниот и најсуровиот режим на светот би бил слободен да ги спроведува своите кампањи на терор, присила, освојување и масовни убиства зад нуклеарниот штит“.

    Трамп додаде дека „не би имало ниту Близок Исток ниту Израел во овој момент“ доколку не го раскинел нуклеарниот договор со Иран од времето на поранешниот американски претседател Барак Обама, и наведе дека Иран бил „на прагот“ да создаде нуклеарно оружје и дека претставувал егзистенцијална закана за САД и за „слободниот свет“.

    Тој рече и дека иранските официјални лица „исто така брзо граделе огромни резерви на конвенционални балистички ракети“ и дека наскоро би имале ракети кои би можеле да стигнат до цели во САД, Европа и „практично на кое било друго место на земјата“. Тој кажа дека Иран е одговорен за високите цени на гасот и дека другите земји мора да ја „заземат“ Ормуската Теснина.

    – Многу Американци се загрижени поради неодамнешниот раст на цените на бензинот дома. Овој краткорочен пораст е во целост резултат на терористичките напади на иранскиот режим врз комерцијални танкери за нафта и врз соседните земји кои немаат никаква врска со судирот – истакна Трамп.

    Тој додаде дека земјите кои во голема мера зависат од Ормуската Теснина, главната нафтена рута која Иран ја затвори од почетокот на судирот, „мора да се грижат за тој премин“ и да „отидат до теснецот и едноставно да го заземат“.

    Трамп им предложи на земјите кои не можат сами да купат доволно гориво, поради затворањето на Ормуската Теснина, да го купат од САД. Според него, кога судирот ќе заврши, „теснецот природно ќе се отвори“.

    Трамп во своето прво обраќање до нацијата во ударен термин од почетокот на војната во Иран на 28 февруари, сигнализираше дека сака наскоро да ја заврши војната и изрази оптимизам во врска со индиректните разговори меѓу САД и Иран кои се одржаа во последните денови.

    Американскиот претседател ги пофали сојузниците на САД на Блискиот Исток, вклучувајќи го Израел и неколку арапски држави, и не го критикуваше директно НАТО, откако во последните денови изрази фрустрации кон алијансата поради тоа што земјите-членки одбиле да им помогнат на САД да ја отворат Ормуската Теснина, низ која се транспортира една петтина од светските резерви на нафта.

    Поврзани вести:

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    21/10/2026

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    21/10/2026

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.