Доналд Трамп, вчера го именуваше гувернерот на сојузната држава Луизијана за специјален пратеник на САД за Гренланд. Американскиот претседател уште на почетокот од мандатот изјави дека САД треба да ја превземат големата данска полуавтономна територија.
-Гувернерот разбира колку Гренланд е неопходен за нашата национална безбедност и силно ќе ги унапреди интересите на нашата земја, рече Трамп објавувајќи го именувањето.
Неодамна потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, ја посети американската воена база на Гренланд и ја обвини Данска дека малку инвестира на островот.
Данска остро се спротиставува на замислите на САД со кои се сојузници во рамките на НАТО.

