Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Трамп објави крај на војната меѓу Иран и Изреал
    Свет

    Трамп објави крај на војната меѓу Иран и Изреал

    24/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Доналд Трамп објави дека договорил примирје помеѓу Израел и Иран, кое веќе стапило во сила и ги замоли двете страни да не го кршат.

    -Примирјето сега е во сила, ве молам да не го кршите, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Кога Трамп утрово објави целосен прекин на огнот за да се стави крај на 12-дневната војна, тој сугерираше дека Израел и Иран ќе имаат време да ги завршат мисиите што беа во тек. Израел кажа дека Иран лансирал неколку серии проектили, при што загинале најмалку четворица луѓе во јужниот град Бершева. Иранските медиуми објавија дека Иран ги испукал своите последни проектили непосредно пред почетокот на примирјето.

    Висок функционер од Белата куќа изјави дека Трамп договорил примирје во телефонски разговор со Бенјамин Нетанјаху, при што Израел рекол дека го прифаќа доколку и Иран запре со нападите.

    -Израел и Иран ми пристапија речиси истовремено и ми рекоа дека сакаат мир. Под претпоставка дека сè ќе функционира како што треба, би сакал да им честитам на двете земји, Израел и Иран, што имаа издржливост, храброст и интелигенција да ја завршат оваа 12-дневна војна, рече Трамп.

    Иран претходно потврди дека се согласил на прекин на огнот, но министерот за надворешни работи Абас Аракчи рече дека нема да има прекин на непријателствата доколку Израел не запре со своите напади.

    -Ако Израел ја запре својата илегална агресија против иранскиот народ најдоцна до четири часот, Иран нема да продолжи да одговара потоа, кажа Аракчи.

    Ситуацијата брзо се одвиваше во изминатите денови. Во неделата, Трамп нареди да се бомбардираат три ирански нуклеарни постројки, а Иран синоќа возврати со ракетен напад врз американска воена база во Катар, за кој САД и Израел претходно биле известени, со цел да се спречи натамошна ескалација. Трамп му се заблагодари на Иран што претходно го најавил нападот.

    -Иран испука 14 проектили кон американска база. Тоа беше многу слаб одговор, што го очекувавме, па лесно беше спречен, рече Трамп.

    Израел го нападна Иран на 13 јуни, под изговор дека сака да го спречи да создаде нуклеарно оружје. Иран постојано тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво мирољубива, во што Израел и западните сили не беа убедени.

    Поврзани вести:

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Провинција богата со нафта ќе гласа за отцепување од Канада, премиерот предупреди дека некој сака да ја подели државата

    Провинција богата со нафта ќе гласа за отцепување од Канада, премиерот предупреди дека некој сака да ја подели државата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.