Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД извеле воен напад врз Венецуела, при тоа соопшти и дека претседателот Николас Мадуро е заробен и заедно со сопругата се изнесени од земјата.
Претходно во 7 часот по средноевропско време одекнаа експлозии во венецуелската престолнина, Каракас, а биле забалежани и авиони во низок лет. Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во близина на голема воена база, е без струја.
Фотографии објавени од колумбиската телевизиската станица NTN24 покажуваат густ чад над Каракас, видлив и во областа на аеродромот Карлота. На видео, пак, емитувано од каналот VPItv се гледаат неколку хеликоптери како летаат над градот ноќе.
Беше соопштено и дека веднаш претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласил вонредна состојба и наредил итна мобилизација.
