Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на жрепката која ќе се одржи во петок во Вашингтон и на која ќе биде утврден составот на групите за Светското фудбалско првенство 2026. Веста денеска ја потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
„Претседателот Трамп в петок ќе присуствува на извлекувањето на групите за Светското првенство во Центарот Кенеди“, изјави Ливит.
Жрепката ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон, со почеток во 18 часот по македонско време.
Ќе бидат извлечени 12 групи со по четири репрезентации. Досега се познати 42 учеснички на Мундијалот, а уште шест ќе бидат определени по одигрувањето на дополнителните баражи во март следната година.
Македонската фудбалска репрезентација во полуфиналето од плејофот на 26 март ќе гостува кај Данска во Копенхаген.
