Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Трамп ги запира имиграциските апликации од 19 држави
    Свет

    Трамп ги запира имиграциските апликации од 19 држави

    03/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп упати серија остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека привремено ги запира сите апликации за имиграција од 19 неевропски држави, со образложение дека тоа е неопходно за националната и јавната безбедност.

    Трамп говореше на состанок во Минесота, каде што, според локалните правосудни органи, повеќе од милијарда долари биле нелегално исплатени на непостоечки социјални служби преку лажни сметки поврзани со лица од сомалиска заедница.

    Истовремено, администрацијата соопшти дека ја запира обработката на сите имиграциски барања – од зелени карти до апликации за државјанство – од 19 неевропски земји кои веќе беа делумно ограничени уште во јуни. На списокот се: Авганистан, Бурма, Чад, Конго, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Јемен, Венецуела, Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того и Туркменистан.

    Во официјалниот меморандум се посочува и неодамнешниот напад врз припадници на Националната гарда во Вашингтон, при кој беше убиен еден гардист, а друг сериозно ранет. За нападот е уапсен осомничен Авганистанец. Документот повикува на „темелно преиспитување“ на сите апликации, вклучително и можни повторни интервјуа со кандидатите.

    Откако се врати во Белата куќа во јануари, Трамп го постави за приоритет заострувањето на имиграциската политика, испраќањето федерални агенти во големите градови и зголемувањето на депортациите. Минатата недела изјави дека сака „трајно да ја суспендира имиграцијата од сите земји од третиот свет“.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    34 ирански танкери ја избегнале американската блокада, Иран денеска нападна 3 брода во Ормутскиот теснец

    22/04/2026

    Луфтханза летово ќе укине 20.000 летови на кратки релации, за да заштеди на гориво

    22/04/2026

    Ќе протече денеска нафтата од „Дружба“ кон Словачка и Унгарија

    22/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.