Пријава за починато лице на местото викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут била евидентирана вчера во 13 часот во полиција, информираат надлежните служби.
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени мерки е утврдено дека починатиот е С.Ј. (52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи.
Лекар на местото на настанот констатирал смрт, по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Судска медицина.
Од МВР додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка, а се работи на утврдување на сите околности поврзани со настанот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
