Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги отфрли тврдењата дека ќе биде сменет од функцијата или дека ќе преземе друга позиција во рамки на претстојната реконструкција на Владата.
На новинарско прашање дали размислува за напуштање на МВР, Тошковски кратко одговори дека е фокусиран на започнатите обврски и нивното завршување.
„Почнав премногу темелни проекти во изминатата година кои треба да ги довршам во наредната“, изјави тој.
