Полициски службеници од СВР Тетово привеле 20-годишен жител на селото Палатица, откако при преглед кај него биле пронајдени 15 пакувања со марихуана.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран на 5 октомври околу полноќ, кога припадници на Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Н., поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени и одземени 15 пакувања со марихуана.
Ф.Н. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
