Најмалку девет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која утрово учествувале четири возила на магистралниот пат Прилеп–Битола, во близина на мостот кај Шемница. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Битола.
Од болницата информираат дека едно лице е во потешка здравствена состојба и веднаш било пренесено во операциона сала. Шестмина повредени се задржани на лекување на Одделението за хирургија, додека тројца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување. Меѓу повредените има и државјанин на Србија.
Основното јавно обвинителство соопшти дека обвинител извршил увид и издал наредби за утврдување на причините за несреќата. Поради сообраќајката, магистралниот пат А3 беше во целосен прекин од 9 часот наутро.
