Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, соопшти Град Скопје и додава дека се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно да го добијат својот уреден и достоинствен изглед.
Дополнително, привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која со години беше оставена да пропаѓа.
Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја, а сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички, нагласуваат од Град Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
