Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»СЗО: Низок ризик за населението по мистериозната смрт на работничка во руски институт за чума
    Свет

    СЗО: Низок ризик за населението по мистериозната смрт на работничка во руски институт за чума

    05/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека моментално ризикот за поширокото население се проценува како низок по смртта на 28-годишна лабораториска работничка во рускиот Институт за истражување на чума во Иркутск, Сибир.

    Случајот привлече големо внимание по шпекулациите дека жената можеби била заразена со белодробна чума, но руските власти сè уште официјално не потврдиле дека бактеријата Yersinia pestis била причината за смртта.

    Од СЗО информираат дека се во комуникација со руските здравствени власти и побарале дополнителни информации за здравствената состојба на работничката, условите под кои се разболела, како и за лабораториските анализи и резултатите од нив.

    „Врз основа на неофицијално достапните информации, ризикот за јавното здравје кај општата популација изгледа низок“, наведуваат од организацијата.

    Починатата била вработена во Иркутскиот институт за истражување на чума на Сибир и Далечниот Исток, установа која работи со опасни патогени микроорганизми.

    Според руската агенција Роспотребнадзор, жената починала откако развила „пневмонија од непозната етиологија“, односно воспаление на белите дробови чија причина не е утврдена. Од агенцијата тврдат дека дополнителните анализи не покажале присуство на микроорганизми поврзани со патогените со кои таа работела.

    Руските власти наведуваат и дека не бил регистриран никаков инцидент при работа со опасни микроорганизми во институтот.

    Сепак, по случајот биле преземени превентивни мерки. Болницата во Шелехов, каде што била лекувана работничката, била ставена под карантин, а околу 200 лица кои можеле да бидат во контакт со неа биле ставени под медицински надзор, според медиумските информации.

    Белодробната чума претставува најтешка форма на заболување предизвикано од бактеријата Yersinia pestis. За разлика од бубонската чума, оваа форма може да се пренесува од човек на човек преку респираторни капки и може да биде смртоносна без навремено лекување. Современите антибиотици, сепак, се ефикасни доколку терапијата започне рано.

    Случајот го следат и американските власти. Стејт департментот соопшти дека САД, во соработка со Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), ја следат состојбата и побарале од Москва транспарентно споделување на информациите.

    Засега нема потврда дека чумата е причината за смртта, а СЗО не прогласи поширока здравствена опасност. Организацијата очекува дополнителни лабораториски резултати за да се утврди што точно се случило во Иркутск.

    Поврзани вести:

    Најмалку 20 повредени во протестите во Приштина, полицијата употреби солзавец и водни топови

    Најмалку 20 повредени во протестите во Приштина, полицијата употреби солзавец и водни топови

    (Видео) Протестот пред парламентот на Косово прерасна во судири, полицијата употреби солзавец

    (Видео) Протестот пред парламентот на Косово прерасна во судири, полицијата употреби солзавец

    Москва тврди дека била нападната со 650 дронови, 105 соборени пред градот

    Москва тврди дека била нападната со 650 дронови, 105 соборени пред градот

    „Форбс“ објави нова листа: Еве кои се 10-те најбогати луѓе во светот

    „Форбс“ објави нова листа: Еве кои се 10-те најбогати луѓе во светот

    Ќе умреме оваа есен, илјадници жители на украинскиот град Олешки останаа без храна, вода и лекови

    Ќе умреме оваа есен, илјадници жители на украинскиот град Олешки останаа без храна, вода и лекови

    САД бележат најтешка епидемија на морбили во повеќе од 30 години, Пенсилванија е најголемото жариште

    САД бележат најтешка епидемија на морбили во повеќе од 30 години, Пенсилванија е најголемото жариште

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    руска чума сзо смрт
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Најмалку 20 повредени во протестите во Приштина, полицијата употреби солзавец и водни топови

    06/10/2026

    (Видео) Протестот пред парламентот на Косово прерасна во судири, полицијата употреби солзавец

    06/10/2026

    Москва тврди дека била нападната со 650 дронови, 105 соборени пред градот

    06/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.