Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Сведок: Општина Кочани барала да не се издаде лиценца за „Пулс“
    Хроника

    Сведок: Општина Кочани барала да не се издаде лиценца за „Пулс“

    25/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На денешното рочиште во судницата во Идризово за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани навремено го поништила известувањето за користење паркинг-простор и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот, бидејќи се наоѓал во индустриска зона.

    Одговарајќи на прашања од Јавно обвинителство, Илиевски појасни дека објектот бил лоциран во зона Г2, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, каде не е дозволена угостителска дејност од ваков тип. Тој нагласи дека не била направена пренамена и дека зоната не може да се менува.

    Сведокот истакна дека уште во 2012 година Општината првично дала позитивно мислење за користење паркинг-простор, но подоцна го повлекла откако дознала дека во објектот ќе се отвора дискотека. Во известувањето било наведено дека локацијата не е наменета за ваква дејност.

    Според неговото сведочење, Општината се обратила и до надлежните институции со цел да се спречи отворањето на ноќниот клуб. Тогашниот градоначалник побарал информација од Министерството за економија дали е издадена лиценца, а дополнително било испратено и барање до Државниот пазарен инспекторат да не се издава дозвола.

    Илиевски посочи дека неговиот сектор нема надлежност за инспекциски надзор и нема информации дали други институции презеле мерки откако објектот започнал со работа. Дел од прашањата на обвинителството во судницата не биле дозволени од Судот, со образложение дека сведокот веќе дал доволни појаснувања.

    На прашања од одбраната, тој потврдил дека објектот бил изграден како индустриски, а за користење јавни паркиралишта Општината дава мислење, додека дозволите ги издава Министерство за внатрешни работи.

    Судот претходно прифатил повлекување на дел од сведоците предложени од обвинителството, додека останатите ќе бидат повикани во наредниот период.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во земјата, со 63 загинати и над 200 повредени. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.