Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Судскиот вештак Марковски: Во „Пулс“ немало ниту една мерка за противпожарна заштита
    Република

    Судскиот вештак Марковски: Во „Пулс“ немало ниту една мерка за противпожарна заштита

    12/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    На претходното рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во периодот на изработка на вештачењето бил декан на факултетот, истакна дека анализата покажала сериозни пропусти во функционирањето на институциите и одговорните лица.

    Според Марковски, во објектот не биле почитувани стандардите, регулативата и пропишаните процедури, а особено загрижувачки било што не биле преземени мерки за противпожарна заштита.

    Тимот вештаци од Градежниот факултет констатирал дека објектот немал ниту еден прописен излез за евакуација, додека според неговата површина, капацитетот бил 363 лица. Во критичната ноќ, пак, во дискотеката имало повеќе од 600 посетители.

    Марковски посочи дека условите во објектот дополнително придонеле за ширењето на последиците од пожарот.

    „Објектот немал каде да дише. Целата температура се задржувала внатре. Ниту една мерка немало преземено која би го олеснила ризикот или ефектите од појавата на пожарот“, изјави тој.

    Во вештачењето била направена и класификација на материјалите вградени во објектот. Според Марковски, бил пронајден стиропор, кој во најдобар случај може да се класифицира како нормално горлив материјал и при горење испушта токсичен чад и горливи капки.

    Другиот материјал, тервол или стаклена волна, спаѓа во класа А2 на негорливи материјали и е стабилен до температури од 800 степени Целзиусови.

    Марковски посочи дека промената на бојата на материјалот упатува дека температурата во клубот достигнала најмалку 800 степени Целзиусови. Како дополнителен показател ги наведе деформираните делови од челичната конструкција, како и пронајдените стопени стаклени шишиња.

    На прашање од обвинителот Дарко Јакимовски, Марковски посочи дека причинско-последичните врски се многубројни и дека вештаците не успеале да најдат докази дека биле преземени мерки за намалување на последиците од пожарот.

    Тој ги посочи, меѓу другото, материјалите, контролата, ангажирањето и изработката на прописна документација, ангажирањето лиценцирани фирми за пренамена на објектот и стручниот надзор.

    Со денешното рочиште, како што е најавено, треба да заврши изведувањето на доказите од Обвинителството.

    Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи за време на настапот на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Поврзани вести:

    Почнува августовскиот рок за државната матура, пријавени над 1.300 ученици

    Почнува августовскиот рок за државната матура, пријавени над 1.300 ученици

    Денеска до 40 степени, од утре следува промена на времето

    Денеска до 40 степени, од утре следува промена на времето

    МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

    МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

    МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“

    МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“

    ФЗО: Нема технички проблем, здравственото осигурување на дел од вработените во МВР зависи од уплатата на придонесите

    ФЗО: Нема технички проблем, здравственото осигурување на дел од вработените во МВР зависи од уплатата на придонесите

    Утре и во петок августовски испитен рок за матура, ќе се полага во четири градови

    Утре и во петок августовски испитен рок за матура, ќе се полага во четири градови

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Post Views: 4
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува августовскиот рок за државната матура, пријавени над 1.300 ученици

    12/08/2026

    Денеска до 40 степени, од утре следува промена на времето

    12/08/2026

    МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

    11/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.