Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Судот го ослободи таткото на Васил Јованов, пресудата не е правосилна
    Република

    Судот го ослободи таткото на Васил Јованов, пресудата не е правосилна

    08/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Судијката Снежана Марковска, која му изрече 12 години затворска казна на Васил Јованов за смртта на Фросина Кулакова, донесе ослободителна пресуда за неговиот татко, Зоран Јованов.

    Според образложението на Судот, дејствијата што му се ставаа на товар на обвинетиот не ги исполнуваат законските елементи на кривичното дело загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 298 од Кривичниот законик.

    Судот оценил дека кривичната одговорност не може да се темели само на фактот дека обвинетиот бил сопственик на возилото, додека со него управувало друго полнолетно лице кое немало возачка дозвола.

    Во пресудата се наведува дека ваквото однесување е предвидено како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и не може да се третира како кривично дело преку пошироко толкување на законските одредби.

    Судот дополнително истакнал дека повторувањето на прекршочни дејства само по себе не создава кривична одговорност доколку не се исполнети сите законски услови за постоење на кривично дело.

    Според судската оценка, непосреден причинител на сообраќајната несреќа е возачот кој самостојно управувал со возилото. Во образложението е нагласен и принципот на индивидуална кривична одговорност, според кој последиците од постапките на едно полнолетно лице не можат автоматски да му се припишат на друго лице само поради роднинска врска или сопственост на возилото.

    Пресудата сѐ уште не е правосилна, а странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.