На денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ сведочеше дека според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс” не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност.
Според неа од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко планирање и градење.
Вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ прашана дали општината можела да реагира и на кој начин, кога веќе се вршела угостителска дејност дискотека во овој објект, рече дека општината е повикана да постапува по надлежноста, а тоа е да контролира дали објектот се употребува согласно даденото одобрение за градење и употреба.
