Утрото низ Македонија ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -2 до 8 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 18 и 26 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде околу 8 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од УХМР најавуваат дека во наредните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. Во текот на денот ќе биде релативно топло, додека ноќите и утрата ќе останат ведри и студени, при што на одделни места температурите повторно ќе се спуштаат под нула степени.
