Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Струга ТЛ го совлада Силекс и се доближи на два бода до Шкендија
    Спорт

    Струга ТЛ го совлада Силекс и се доближи на два бода до Шкендија

    07/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Струга Трим Лум продолжува со максималниот ефект на домашен терен, откако во дербито од 6. коло на Првата македонска фудбалска лига го совлада Силекс со 1:0.

    Херој на стружани беше Ласана Диако, кој во 59. минута го постигна единствениот погодок на натпреварот. Со новите три бода, Струга ТЛ се доближи на само два бода до лидерот Шкендија, додека Силекс го запиша третиот последователен пораз и очигледно се наоѓа во резултатска криза.

    Првото полувреме донесе претпазлива игра од двете страни, со мал број вистински можности. За Силекс се заканија Манојлов и Донов, додека Малески беше најопасен кај домашните. Најдобрата шанса пред паузата ја имаше Радески во 30. минута, но резултатот остана непроменет.

    Во второто полувреме гостите први се заканија преку капитенот Анѓелески, чиј удар беше навреме блокиран. Само неколку минути подоцна следуваше решавачкиот момент. Во 59. минута Диако од непосредна близина ја испрати топката под пречката и донесе водство за Струга ТЛ.

    По примениот гол, тренерот на Силекс, Александар Васоски, направи неколку измени во обид да ја раздвижи играта. Кратовци тргнаа офанзивно, но со тоа оставија повеќе простор за контранападите на домашниот состав.

    Во финишот Силекс создаде неколку одлични можности за израмнување. Делимеѓац се закани од слободен удар, Герасов ја погоди пречката, а Мишов и Ефтимов не успеаја да ја искористат својата шанса. Особено голема беше можноста на Ефтимов во судиското продолжение, но резултатот остана непроменет.

    Струга ТЛ заслужено славеше со 1:0 и останува непобедлива на домашен терен оваа сезона, додека Силекс по поразите од Вардар, Шкендија и Струга ТЛ ќе мора брзо да пронајде излез од резултатската криза.

    Поврзани вести:

    Фабијан Руиз сонува за „Златната топка“ по сезоната од соништата

    Фабијан Руиз сонува за „Златната топка“ по сезоната од соништата

    Лина Ѓорческа со убедлива победа стартуваше на ВТА турнирот во Анталија

    Лина Ѓорческа со убедлива победа стартуваше на ВТА турнирот во Анталија

    Томас Вокап кариерата ја продолжува во Дубаи, Олимпијакос го потврди трансферот

    Томас Вокап кариерата ја продолжува во Дубаи, Олимпијакос го потврди трансферот

    Мбапе пред Интер: Секогаш се чувствувам како најдобар играч во светот

    Мбапе пред Интер: Секогаш се чувствувам како најдобар играч во светот

    (Видео) Гаштаров изнуди пенал, Црвена звезда со пресврт го доби 180. вечно дерби

    (Видео) Гаштаров изнуди пенал, Црвена звезда со пресврт го доби 180. вечно дерби

    Почина поранешниот ракометар и тренер на Борац Бања Лука, Ненад Бајиќ

    Почина поранешниот ракометар и тренер на Борац Бања Лука, Ненад Бајиќ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Фабијан Руиз сонува за „Златната топка“ по сезоната од соништата

    07/09/2026

    Лина Ѓорческа со убедлива победа стартуваше на ВТА турнирот во Анталија

    07/09/2026

    Томас Вокап кариерата ја продолжува во Дубаи, Олимпијакос го потврди трансферот

    07/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.