Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Стојкоски: Арсовска се обидува да создаде несигурност во јавноста, не е точно дека ќе се градат хемиски фабрики
    Скопје

    Стојкоски: Арсовска се обидува да создаде несигурност во јавноста, не е точно дека ќе се градат хемиски фабрики

    09/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, беше гостин во емисијата „За или против на телевизија Алфа“.

    Тој ги демантираше ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров, дополнително и ја објасни реалната слика на јавноста. Стојкоски додаде дека ова се обиди на градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните.

    -Жалам што сме сведоци на една таква ситуација. Како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров, за разлика од некои соседни општини, каде што ни око не фрла, ниту па да најде забелешка. Работи, инвестира на други места додека пак во Ѓорче Петров не работи ништо, вели Стојкоски.

    Тој ја коментираше актуелната ситуација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во контекст на шпекулациите на Арсовска за градење хемиски фабрики на територија на општина Ѓорче Петров, и дополни дека таа се обидува да создаде несигурност меѓу граѓаните.

    -Тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики, со тоа што сака да создаде чувство на несигурност во јавноста, сака да создаде чувство на паника помеѓу луѓето. Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено или ќе се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија, кажа Стојкоски.

    Стојкоски објасни дека според Законот за урбанистичко и просторно планирање таква класификација на хемиска фабрика не постои, а тоа треба да го знае Арсовска како градоначалник на главниот град во земјава.

    -Во планот СЗ 16 е план кој што спаѓа и е утврден согласно генералниот урбанистички план на Град Скопје и самото согласно со тоа не може да има било какви услови за изградба на хемиски или тешка индустрија или било што. На локацијата на која што се осврнува градоначалничката има една маркица, која што е намена Г2 а тоа е лесна и незагадувачка индустрија. И тоа треба да биде јасно на јавноста, објасни Стојкоски.

    Стојкоски напомена дека станува збор за веќе постоечки објект кој е на територија на општина Ѓорче Петров повеќе од 60-70 години, а и ги исполнува најстрогите еколошки нормативи и дополни:

    -Она што знам дека го направи за Ѓорче Петров во последните години, направи ненадоместлива штета која штета која што ние како општина во дел ја компензираме во делот на нефункционирањето на комунална хигиена, паркови и зеленило, водовод, и канализација на територијата на нашата општина.

    Поврзани вести:

    3.300 нови контејнери ќе бидат поставени во Скопје

    3.300 нови контејнери ќе бидат поставени во Скопје

    Делови од Сопиште и Ѓорче Петров денес без струја

    Делови од Сопиште и Ѓорче Петров денес без струја

    ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци

    ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци

    Околу 20.000 посетители на „Карпошово културно лето 2026“

    Околу 20.000 посетители на „Карпошово културно лето 2026“

    Денес почнува пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“, најави Ѓорѓиевски

    Денес почнува пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“, најави Ѓорѓиевски

    Скопје доби нови специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена

    Скопје доби нови специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    3.300 нови контејнери ќе бидат поставени во Скопје

    07/09/2026

    Делови од Сопиште и Ѓорче Петров денес без струја

    07/09/2026

    ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци

    04/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.