Итната медицинска помош во државата доби 100 нови амбулантни возила, а надлежните веќе преговараат за уште 50 дополнителни во 2027 година.
– Има уште многу проблеми за решавање – не е сѐ решено со овие 100 возила, се разбира, можеби е помалку или повеќе олеснета состојбата, но не е сѐ решено. Но, она што е значајно е дека приоритет по приоритет, проблем по проблем, се решаваат во овие 27-28 месеци. Покрај овие 120 нови возила, што Министерството за внатрешни работи ги обезбеди по децениска негрижа таму. По тие стотина возила што ги доби „Пошта“, по тие 53 возила што се користат веќе во општините за чистење, за чистење на сметот, дојде ред и на овие 100 возила – амбулантни Многу скоро од денеска, ќе има и нови 150 електрични автобуси што ќе бидат распределени низ градовите во целата држава – рече премиерот.
Следни проекти во здравството, како што најави премиерот Христијан Мицкоски се клиничката болница во Штип, здравствениот дом со проширена дејност – Кичево и клиничката болница во Тетово кои ќе се финансираат со поддршка од Светската банка и Европската инвестициска банка.
За изградба на долгонајавуваниот Клинички центар во Скопје, премиерот рече дека се разгледуваат две парцели кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ – пред базенот и зад Аква паркот, со што секако би се поврзал со постоечката „8 Септември“, Пет центарот и поликлиниката „Букурешт“.
