Во Европската Унија во 2024 година имало просечно 507 болнички кревети на 100.000 жители, што е благо намалување во однос на претходната година, покажуваат податоците на Евростат. Трендот на намалување трае од 2009 година, главно поради развојот на медицината и сè поголемата примена на амбулантско и дневно лекување.
Најмногу болнички кревети има Бугарија, Германија, Романија, Австрија и Чешка, додека најмалку има Шведска, Холандија и Данска.
Последните достапни податоци за Македонија се од 2021 година и покажуваат дека земјата имала 449 болнички кревети на 100.000 жители.
Според овие податоци, Македонија има повеќе болнички кревети од 14 земји-членки на Европската Унија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
