Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Спасено мече од нелегална примка на Јакупица, ловџии го слушнале неговото рикање
    Република

    Спасено мече од нелегална примка на Јакупица, ловџии го слушнале неговото рикање

    19/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Мече кое било заробено во нелегално поставена примка е спасено во координирана акција на планината Јакупица, во Велешко. Животното било пронајдено од ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес, кои за време на лов слушнале силно рикање и тргнале по звукот.

    Еден од ловџиите раскажува дека мечето било видно вознемирено и агресивно поради болката, но истовремено барало помош. Во непосредна близина се наоѓала и неговата мајка, која внимателно ја следела целата ситуација.

    По пријавата, била организирана спасувачка акција во која учествувале инспектори од Државниот инспекторат за животна средина, членови на Ловечкото друштво „Руен“, претставници на Македонското еколошко друштво (МЕД), полициски службеници од СВР Велес и ветеринар од Зоолошката градина во Скопје.

    Од Државниот инспекторат за животна средина информираа дека мечето било пронајдено на локацијата Чеплес, на околу 1,5 километри од Рибник Нежилово, каде што било фатено во нелегално поставена сајла.

    Животното било успиено за безбедно да се отстрани примката, по што ветеринарот извршил детален преглед. Не биле констатирани видливи повреди, па мечето било вратено во неговото природно живеалиште.

    При прегледот било утврдено дека станува збор за мажјак стар околу три години, со тежина од приближно 70 килограми.

    За случајот е известен јавен обвинител од Велес, по чија наредба полицијата ја одзела примката за вештачење. Надлежните најавуваат кривична постапка, бидејќи поставувањето примки за лов на диви животни претставува кривично дело според македонското законодавство.

    Поврзани вести:

    Од среда стартува вакцинацијата против грип, Клековски ќе биде меѓу првите вакцинирани

    Од среда стартува вакцинацијата против грип, Клековски ќе биде меѓу првите вакцинирани

    „Испрани“ речиси 7 милиони денари преку скопска станица за технички преглед на возила

    „Испрани“ речиси 7 милиони денари преку скопска станица за технички преглед на возила

    Кривична пријава против в.д. директорот на УХМР и седум вработени, штетата надминува 500.000 евра

    Кривична пријава против в.д. директорот на УХМР и седум вработени, штетата надминува 500.000 евра

    Мицкоски: Дипломатската штета падна врз Бугарија, наш приоритет е екстрадицијата на Ива Михаилова и нејзиниот татко

    Мицкоски: Дипломатската штета падна врз Бугарија, наш приоритет е екстрадицијата на Ива Михаилова и нејзиниот татко

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Македонија се сеќава на Тоше Проески – 19 години од прераната загуба на музичката легенда

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    Денеска дожд, ветер и снег на планините – од викендот следува стабилизација на времето

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Од среда стартува вакцинацијата против грип, Клековски ќе биде меѓу првите вакцинирани

    16/10/2026

    „Испрани“ речиси 7 милиони денари преку скопска станица за технички преглед на возила

    16/10/2026

    Кривична пријава против в.д. директорот на УХМР и седум вработени, штетата надминува 500.000 евра

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.