Одложено е гласањето на Советот за безбедност на Обединетите Нации за резолуцијата за обезбедување слободен премин низ Ормутскиот теснец, јаву Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори.
Гласањето првично било закажано за петок, потоа за подоцна истиот ден, но засега не е утврден нов термин.
Доколку резолуцијата биде усвоена, на државите ќе им се овозможи користење на „сите неопходни одбранбени средства“ за обезбедување на преминот.
Со неа ќе се одобрат и поморски операции во Ормускиот теснец, кој е практично затворен од почетокот на војната.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
