Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Совет на Европа: Македонија со „умерена пренатрупаност“ во затворите
    Хроника

    Совет на Европа: Македонија со „умерена пренатрупаност“ во затворите

    18/07/20255 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пренатрупаноста на затворите останува главен предизвик за една третина од европските земји, при што бројот на затвореници на 100 расположливи места за една година се зголемил од 93,5 на 94,9, се наведува во извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ) објавен денеска.

    Во него се посочува дека во однос на состојбата во затворите, Македонија со 101 затвореник на 100 расположливи места е во групата на држави со „умерена пренатрупаност“, заедно со Хрватска (110), Ирска (105), Шведска (105), Унгарија (104), Азербејџан (103), Финска (103) и Турција (102).

    „Сериозна пренатрупаност“ е регистрирана во затворите во шест европски земји, меѓу кои „лидер“ е Словенија со 134 затвореници на 100 места, пред Кипар со 132, Франција со 124, Италија со 118, Романија со 116 и Белгија со 113.

    Близу до границата на пренатрупаност се и затворите во Шкотска со 100 и во Англија и Велс и во Србија со по 98 затвореници на 100 места.

    Според податоците на СПАЦЕ, на 31 јануари 2024 година во затворите во надлежност на 51 затворска управа во земјите членки на Советот на Европа имало 1.021.431 затвореници, што претставува просечна стапка на затворска популација од 105 затвореници на 100.000 жители.

    Врз основа на овој податок Македонија е на 15-то место со 143 затвореници на 100.000 жители. Најмногу затвореници „пер капита“ има Турција – 356 на 100.000 жители, пред Азербејџан со 264, Грузија со 261, Молдавија со 235, Полска со 202, Унгарија со 195, Албанија до 192, Чешка со 180, Словачка со 179 и Србија со 177 затвореници на 100.000 жители.

    Извештајот бележи и дека во периодот од 31 јануари 2023 до 31 јануари 2024 година просечната стапка на затворска популација во Европа се намалила од 116,2 на 115,1 затвореници на 100.000 жители. Во посочениот период Македонија бележи раст на бројот на затвореници за 0,2 проценти, при што помал раст од нас има само Украина со 0,1 отсто, додека осум држави бележат намалување на затворската популација. Сите останати европски земји имаат поголем раст на затвореници од нашиот.

    Најголем раст од дури 25,4 проценти има Словенија, пред Шведска со 15,5, Малта со 11,1, Србија со 9,4, Хрватска и Азербејџан со по 8,3, Италија со 7,8, Албанија со 7,5, Северна Ирска со 6,9, Белгија со 6,8 и Шкотска со 6,7 отсто.

    Над една четвртина од лицата задржани во европските затвори во периодот од 31 јануари 2023 до 31 јануари 2024 година биле во притвор. Во Македонија стапката на притвореници меѓу вкупниот број лица лишени од слобода изнесувала 12 проценти, што е повеќе од половина помалку од европскиот просек.

    Најголема стапка на притвореници од 58 отсто им Албанија, пред Ерменија со 53, Црна Гора и Луксембург со по 47, Швајцарија и Холандија со по 46, Малта со 42, Хрватска со 41, Словенија со 40 и Северна Ирска со 39 проценти.

    Околу 16 проценти од затворениците во европските затвори биле странски државјани, при што и во оваа категорија земјава е при дното со 7,1 отсто затворени странци. Најмногу странци има меѓу затворениците во Луксембург дури 75 отсто, пред Швајцарија со 72, Кипар со 58, Грција со 54, Австрија со 53, Малта со 52, Каталонија со 50, Германија со 49, Словенија со 48 и Белгија со 41 проценти.

    Просечната возраст на затворениците во европските казнено-поправни установи била 37 години, при што во просек највозрасни затвореници имала Грузија со просечна возраст од 44 години, пред Италија, Португалија и Република Српска со по 42 и Естонија со 41 година. Во просек најмладата затворска популација имала Литванија од 32 години, пред Шведска и Каталонија по 34 и Данска и Франција по 35 години. За земјава нема податоци за возраста на затворениците.

    Процентот на жени меѓу вкупната затворска популација во Европа изнесувала 4,9 отсто. Во Македонија таа била под европскиот просек и изнесувала 3,8 проценти. Најмногу жени меѓу затворениците имало во Чешка – 8,8 отсто, пред Унгарија со 8,4 и Финска со 8 проценти, а најмалку во Албанија и Грузија со 1,4 и Хрватска со 2,1 отсто.

    Над една третина (33,6 отсто) од вкупниот број затвореници во Европа се осудени за насилни кривични дела, како убиства, сексуални прекршоци и напади, 16,7 проценти за престапи поврзани со дрога, 12,3 за кражби, 2,9 за сообраќајни прекршоци и 2,4 отсто за економски или финансиски криминал.

    Според раководител на истражувачкиот тим на СПАЦЕ, професорот на Универзитетот во Лозана, Марсело Аби, пренатрупаноста сериозно ги поткопува условите за живот на затворската популација и напорите за рехабилитација на затворските администрации.

    – Податоците за должината на затворската казна покажуваат дека пократките просечни периоди на притвор имаат тенденција да бидат во корелација со пониските стапки на затворската популација. Иако постојат исклучоци од овој модел, оваа врска ја истакнува важноста на времетраењето на казната, како лост за управување со пренатрупаноста во затворите, изјави Аби.

    Според него, покрај промовирањето алтернативни санкции на затворската казна, намалувањето на должината на казната, особено за ненасилните и за сторители на полесни прекршоци, може да биде моќна алатка за намалување на стапките на затвореници.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Удар во куче заврши трагично: Едно лице загина, тројца тешко повредени

    Удар во куче заврши трагично: Едно лице загина, тројца тешко повредени

    Скопјанка и тетовчанец добија пријави за посредување во вршење проституција

    Скопјанка и тетовчанец добија пријави за посредување во вршење проституција

    Поради тешка сообраќајна несреќа затворен регионалниот пат Куманово – Крива Паланка

    Поради тешка сообраќајна несреќа затворен регионалниот пат Куманово – Крива Паланка

    Почина актерката Ленче Делова, доајен на Драмски театар

    Почина актерката Ленче Делова, доајен на Драмски театар

    Реките се излеваат по обилните дождови, евакуирани 180 лица во Кичево

    Реките се излеваат по обилните дождови, евакуирани 180 лица во Кичево

    Полицијата приведе двајца скопјани поради прикриени регистарски таблички

    Полицијата приведе двајца скопјани поради прикриени регистарски таблички

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Удар во куче заврши трагично: Едно лице загина, тројца тешко повредени

    16/02/2026

    Скопјанка и тетовчанец добија пријави за посредување во вршење проституција

    16/02/2026

    Поради тешка сообраќајна несреќа затворен регионалниот пат Куманово – Крива Паланка

    15/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.